
Проекти
Две децении искуство и десетици капитални проекти ја позиционираат Ди Да Инженеринг во врвот на енергетскиот сектор во Македонија. Нашата листа на задоволни клиенти е долга, а квалитетот на изведба е наш заштитен знак. Ова се проектите со кои најмногу се гордееме.

Уставен Суд на Република Северна Македонија
Изведба на рефлекторско осветлување - илуминација.

Јавно Обвинителство
Изведба на рефлекторско осветлување - илуминација.

Министерство за надворешни работи
Надзор за фаза електрични инсталации.

Музеј на ВМРО
Изведба на рефлекторско осветлување - илуминација.

Палата Кан
Изведба на целосни електрични и телекомуникациски инсталации и надворешно осветлување.

Жичара Водно
Изведба на електрични инсталации за столбови и долна и горна станица. Целосно водење и менаџирање на изведбата на жичарата, како и ожичување на долната и горната кабина и столбовите.

Белина
Изведба на комплетни електрични инсталации и илуминација, со имплементација на систем за дојава на пожар и систем за видеонадзор.

Ски центар Кожуф
Изведба на трафостаница 630 kVA и НН и ВН мрежа, со електроинсталатерски и земјени работи, ископи и полагање на кабли.

Фабрика Карпош
Изведба на електрични инсталации и осветлување.

Катна гаража Солунски Конгрес
Изведба на електрични инсталации и осветлување.

Спортска сала Јане Сандански
Изведба на TS20(10)/0,4 kVA, 2x1250 kVA и ДЕА.

Археолошки локалитети Стоби и Скупи
Изведба на електрична инсталација и градежни работи, комплетно осветлување и илуминација на локалитетите, како и изградба на патеки и потпорни ѕидови.

Железници на Република Северна Македонија
Изведба на 3xTS10(20)/0,4 kV со номинална моќност од 160 kVA, приклучок на мрежа, СН кабли, градежни работи, челични конструкции, електро-монтажни активности, заземјување, осветлување и КРО ормари.

ЕВН
Полагање СН кабел за потребите на Сокотаб и оптички кабли.

FedEx
Изведба на електрични инсталации и целосно изведување на електрични инсталации во објектот.

Хотел Камник
Изведба на електрични инсталации и целосно изведување на електрични инсталации во објектот.